Почетна

8ми Март во Сокобања

8ми Март во Истанбул

8ми Март во Сокобања(II)

8 MART SOKO BANJA -SRBIJA

(05.03-07.03.2021)

-05.03(petok)Poagjanje na grupata vo 04,00 časot od dogovoreno mesto.Patuvanje kon Srbija so popatni pauzi.(Skopje,Kumanovo)
(Pristignuvanje vo Soko banja.Smestuvanje vo hotel***.Proshetka niz Soko banja(Miloshev konak,tursko kupatilo,crkva Sv.Preobrazhenie..)Ruchek.Slobodni aktivnosti koristenje na bazen so termalni vodi od 31C.Večera .Noćevanje.

-06.03(sabota)Pojadok.Mozhost za organiziran izlet  do Lepterija i Sokograd zavisno od vremenskite uslovi.Rucek.Slobodno popladne.Vecera.

-07.03(nedela)Pojadok .Vracanje na grupata vo Makedonija  so poseta na trgovski centar STOP SHOP CENTAR NIŠ.

                                                    CENA NA ARAŽMAN 5300den(85 evra)
 
Vo cenata na aranžmanot e vklučeno:

-prevoz do navedenata relacija
-dva polni pansioni (pojadok,rucek  i večera) vo hotel ***
-koristenje na bazen
-poseta na Lepterija i Sokograd
-poseta na STOP SHOP CENTAR NIŠ
-vodstvo na pat

Vo cenata ne e vkluceno
-Svecena vecera so muzika  vo restoranot  na hotelot  dokolku postoi  protokol za toa – 10 evra po lice
-patničko osiguruvanje

8ми Март во Кушадаси

КУШАДАСИ ЗА 8-МИ МАРТ 2021

ПРОМО ЦЕНА: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ДО 15.02.2021

ПОЛУПАНСИОН ВО ХОТЕЛ СО 5*

 

1 ден – четврток (04.03.2021)

Средба на групата на Дрводекор во 14:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Кушадаси. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

2 ден – петок (05.03)

Пристигнување во Кушадаси во утринските часови. Кушадаси е приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Се упатуваме на разглед на градот, слободно време за одмор. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден – сабота (06.03)

Појадок, по појадокот факултативна посета на Ефес 30€. Еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Враќање во хотел. Слободно индивидуално време. Вечера. Ноќевање.

4 ден – недела (07.03)

Појадок. По појадокот факултативна посета за Памуккале 40€. Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори кои личат на памучни планини во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ден – понеделник (08.03)

Појадок. Напуштање на собите. Во договореното време посета на трговски центар. Трговскиот центар располага со голем број брендирани продавници како: Adidas, Nike factory store, Hummel, FLO, Mavi, Kotton, Waikiki, Pierre Cardin, U.S Polo ASSN, итн…Во попладневните часови заминување кон Македонија.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТИ ДО 15.02.2021

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА, ПРИЛЕП И ВЕЛЕС

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • 3 ноќевања на услуга полупансион во хотелот Korumar Ephesus Beach 5* ( https://korumarephesus.com.tr/en)
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Посета на трговски центар
  • Лиценциран пратител во текот на целото патување
  • Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • факултативни излети
  • индивидуални трошоци

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници
– За реализација на факултативата потребен е минимум од 20 патници
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

8ми Март во Врњачка Бања (I)

8ми Март Врњачка бања – Манастир Жича – Ниш

1 ден 05.03.2021 (Петок) Скопје-Врњачка Бања

Пристигнување во пладневните часови, сместување во Хотел Крал 3* http://www.hotelkralj.rs/wellness/ . Време за одмор и слободни активности, како и користење на спа центарот во хотелот. Во попладневните часови посета на изворите . Враќање во хотелот и организирана свечена вечера. Ноќевање.

2 ден 06.03.2021 (Сабота) Врњачка Бања – Манастир Жича 

Појадок. После појадокот , слободно време за користење на спа центарот. Во попладневните часови посета на минералните извори. Црквата Пресвета Богородица, Врњачките паркови , Мостот на љубовта, старите врњачки вили итн. Во вечерните часови враќање во хотелот.  Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево (10 Еур). Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква.Ноќевање

3 ден 07.03.2021 (Недела) Врњачка Бања – Ниш

Појадок. Можност за претпладневно користење на хотелскиот СПА центар или прошетка низ прекрасното гратче. Одјавување од хотелот. Тргнување за Македонија во пладневните часови, попатна пауза и разглед на преубавиот Ниш со можност за шопинг. Враќање во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот со вклучен превоз:

119 евра по лице /7,378 денари

*Деца до  7 години бесплатно

*Деца од 7- 11.99 години плаќаат 69 евра / 4,278 денари. Сопствен превоз  -20 Еур.

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– 2 ноќевања на база на ноќевање со појадок  во хотел Краљ 3* Врњачка Бања  http://www.hotelkralj.rs/

– свечена вечера со пијалок

– Kористење на:

внатрешниот базен , џакузи, солена соба, Парна Бања, Калдариум. Тепидариум, Руска Спа ,Финска Сауна

*Услугите на спа центарот можат да се користат од 10-21 часот

ревоз со туристички автобус

– Организиран повратен трансфер од хотелот до бањите

– Организација и придружник на патувањето

– Посета на Ниш

 

8ми Март во Истанбул (2)

ИСТАНБУЛ

Galata tower and bosphorus in İstanbul Turkey.

1 ден / 04.03.2021. (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите:
Кавадарци во 16:00 ч,
Неготино во 16:15 ч
Велес во 16:45 ч.
Скопје во 17:15 ч.(Хотел Вип наспроти Саем)
Куманово во 18:00

Се патува преку Р Бугарија , Ноќно патување со попатни паузи.

2 ден / 05.03.2021 (петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во предпладневните часови , сместување во хотел. Хотелот се наоѓа во областа Лалели, по сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до посета на:
-Хиподромот
-Можност за индивидуална посета на Сината Џамија
-Можност за индивидуална посета на Аја Софија
-Посета со локален водич на Византиската подземна цистерна Базиличка цистерна која датира од 6 век
-Посета на Палатата Топ Капи.

-слободни активности.можност за шопинг во Капали Чаршија,покриената чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници.
Ноќевање.

3 ден / 06.03.2021.( сабота) ИСТАНБУЛ
После појадокот :
-Панорамски разглед со локален водич на градот.
-Посета на Вселенската Патриаршија ,возење покрај Златниот Рог.
-Кафе пауза на Таксим, најпознатиот плоштад во Истанбул .
-Незаборавното крстарење по Босфорот,
-факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање)
-Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ги видеме најпознатите градби на Турција во минијатурно издание , прекрасно место за добри фотографии) *Слободни активности.
Ноќевање.

4 ден / 07.03.2021. (недела) ИСТАНБУЛ
Појадок и одјавување од хотелот.
За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Р Бугарија со попатни паузи.

5. ден / 08.03.2021(понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во утринските часови.

Цена на аранжманот: 5.500 мкд. (за уплата до 21.02.2021)
Редовна Цена: 6.130 мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок во 3*.во Истанбул
– посета на Хиподромот;
– посета на Сината Џамија
-посета на Аја Софија
– пешачки разглед со локален водич
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– панорамски разглед 10 € (задолжителна доплата за сите патници)
– крстарење со брод по Босфор – 20 €;
– посета на Долма Бахче Сарај(превоз,влезница и локален водич ) 25 €
– посета на Подземната Византиска цистерна 15 €
– посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 20€;
– посета на Miniaturk  (влезница,превоз, локален водич) – 10€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo превоз | влезница) – 20€;
– здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е 35 патници;
-Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот; (08.08.2021)
– Уплата исклучиво во денари.

* Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
Пополнетост на автобусот е  максимум 50%, според новите протоколи за Ковид 19

8ми Март во Будва со посета на Острошки Манастир

БУДВА-ОСТРОГ-ДАЈБАБЕ
( 2 НОЌЕВАЊЕ И ПРЕВОЗ)

 

04.03.2021(четврток) -Состанок на групата во 22.00 часот  и поаѓање за Црна Гора преку Косово и Албанија.

05.03.2021(петок)– Пристигнвање во утринските часови и разглед на св.Стефан ,Будва. сместување во вилите. Попладневна прошетка до стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите св.Иван,св.Марија,Катедралата итн. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

06.03.2021(сабота) – Во 10.00 часот Факултативен полудневен излет до Котор.Разглед на стариот дел на Котор.Катедралата на СвТрифун,Столбот на Страмот, враќање во Будва.Ноќевање.

07.03.2021 (недела) Напуштање на апартманите и се упатуваме кон Манастирот Василие Острошки. Мнастирот Василие Острошки, кој е сместен во карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот.Основан од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василије Острошки се чудотворни и се наоѓаат во Горниот Манастир.Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. По посетата на манстирот се упатуваме кон Подгорица .Посетуваме уште еден посебен манасти ,манастирот Дајбабе .Симбол за уникатност на овој манастир покрај мирот и прекрасната природа е тоа што манастирот е сместен под земја.Манастирската црква е посветена на Успение на Пресвета Богородица.Единствениот видлив дел на црквата надвор од пештерата е широкиот влез со две прекрасни камбанарии.Манастирот е изграден во 1897 год од страна на пастор Петко.
Последна дестинација е посета на трговскиот центар Делта сити и во вечерните часови се упатуваме кон Македонија

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:3.900 денари

Во цената не е вклучено:
-патничко осигурување
-такса и превоз од долниот до горниот манастир 3 евра
-посета на Котор 5 евра
-посета на манастир Острог+ манастирот Дајбабе -10 евра

Во цената е вклучено:
-превоз со високотуристички автобус
-2 ноќевања во Будва во студија
-посета на , Будва
-организација и реализација на патувањето

За реализација на програмата и факултативите потребни се минимум од 35 патника

8ми Март во Златибор (1)

1.ДЕН (05.03.2021 – петок) : Поаѓање за Р.Србија во 23.00 часот. Патот води преку Скопје, Куманово, г.п.Табановценоќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2.ДЕН (06.03.2021 – сабота) : СИРОГОЈНО – ЗЛАТИБОР Пристигнување во Сирогојно во утринските часови. Краток одмор. Разглед и прошетка низ уникатниот Музеј на отворено „Старо Село“ со стручен водич. Вечера. Ноќевање.

3.ДЕН (07.03.2021 – недела) : ЗЛАТИБОР Појадок. По појадокот – поѓање преку селото Рудине и доаѓање во селото Рожанство, каде е предвидено обиколка на пештерата Стопиќ, геоморфолошкиот бисер на западна Србија, познат по своите големи базени од бигор, кои се нејзин заштитен знак. Пештерата Стопица е една од најпознатите и најпосетуваните пештери во Србија. Годишно го посетуваат околу 90.000 посетители. Од Белград е оддалечено 250 км, а најблискиот град е Ужице, оддалечен 30 км. Пештерата е опкружена со прекрасна природа и зеленило. Сместено е на левиот брег на реката Приставица помеѓу селата Рожанство и Трнава. Над самата пештера се наоѓа главниот пат Сирогојно-Златибор. Беше изградена ограда со ракохват покрај пештерата, така што спуштањето до пештерата е безбедно. Пештерата има импресивен влез широк 35 и висок 18 метри. Долг е 1691,5 м и се наоѓа на надморска височина од 711 м. Се состои од 5 дела: Светлосна сала, Темна сала, Голема сала со кади, Канал со кади и Речен канал. Откако ќе поминете низ отворот, влегувате во Светлата сала, која го доби своето име поради големото количество светлина што ја осветлува, и поради големиот отвор и поради отворот во таванот на пештерата…враќање во Златибор во раните попладневни часови. Можност за индивидуален разглед на градот…нашата препорака е да го посетите пазарот во Златибор, надалеку прочуен по домашните производи кои овде се продаваат и ги има во изобилство…Златиборската свинска и говедска пршута, кајмак, чварци, Златиборската ракија „шљивка“…Вечера. Ноќевање.

4.ДЕН (08.03.2021 – понеделник) : ЗЛАТИБОР – Македонија. Појадок. Одјавување од хотелот. Поаѓање во посета на уште една атракција во овој регион, а тоа е брдото Мечавник, на кое се наоѓа „Дрвениот град“ кој е создаден од познатиот режисер Емир Кустурица…Слободно време за прошетка, уживање во специјалитетите од домашната кујна, кафе или колачи…поаѓање за Македонија во 13.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ по лице

ХОТЕЛ

УСЛУГА

ЦЕНА

Комплекс All Seasons Residence

НОЌЕВАЊЕ со ПОЈАДОК

6.390,00 ден. (103 €)

ЧИГОТА 3*

ПОЛУПАНСИОН

7.440,00 ден. (120 €)

КЛУБ САТЕЛИТ 4*

ПОЛУПАНСИОН

8.370,00 ден. (135 €)

Хотел CLUB SATELIT 4* (www.satelit.rsе еден од најбараните сместувачки капацитети на Златибор за домашни и странски гости. Добитник е на бројни награди за квалитетот на работата. Трите најважни карактеристики на објектот се луксузна опрема, невообичаено пријатен амбиент и љубезен персонал што досега беше домаќин на повеќе од 20 000 задоволни гости. СПА-центарот (бесплатно користење) располага со внатрешен базен, сауна, џакузи, џакузи на отворено…можност за разни видови масажа (со доплата).

Хотел CIGOTA 3* (www.cigota.rsСе наоѓа во центарот на Златибор, обиколен со борова шума на 1000 м.н.в. Покрај здравствените програми, нуди и други можности, бидејќи дејствува и како туристички објект од висока категорија. Капацитетот на овој објект го сочинуваат 340 кревети, распоредени во 30 апартмани, 67 еднокреветни, 79 двокреветни, 9 трокреветни и 2 четирикреветни соби. Од пропратните објекти се издвојуваат : затворен полу-олимписки базен, фитнес сала, spa&wellness центар (сауна, солена соба, амам, масажи, третмани за лице и тело…

Комплекс ALL SEASONS Residence (www.aparthotelzlatibor.comго сочинуваат 5 модерно опремени вили со преку 60 апартмани, погодни за сместување од 2 – 4 лица…комплексот е опкружен со борова шума и е на само 100 м. од центарот на збиднувањата. Од пропратни објекти располага со фитнес центар.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 34 патници

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

  • За ова патување не е потребен PCR тест.

  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

8ми март во Пролом Бања

1.Ден 06.03.2021 (Сабота)  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања, хотел “Radan”3*, околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот.Вечера. Ноќевање.

2.Ден 07.03.2021 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата,околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел.Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера.Ноќевање.

 

3.Ден  08.03.2021 (Понеделник)ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цена на аранжманот 139€

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
  • Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера
  • Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода
  • Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) – 5€ доплата на лице место.
  • Индивидуални трошоци(масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

Попусти и опционални доплати:

  • Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден
  • Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд
  • Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден

 

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
  • Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

 

8ми Март во Луковска Бања

1.Ден 06.03.2021 (Сабота)   СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 07.03.2021 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, доколку временските услови се поволни, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 08.03.2021 (Понеделник)   ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот  – 129€/7.998мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување).

– Користење на надворешени внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C.

– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).

– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
– Туристичка такса.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување.

– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:

– Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).

– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен, 70€/ 4.340ден (на барање).

– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума(на барање).

– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање).

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

 

Напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.

-Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.

– За ова патување не е потребен PCR тест.

  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.